НЕВЕРОЈАТНО: 12-годишник улови туна од 100 килограми (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Лан Цестар, 12-годишно момче, стана вистинска sвезда откако минатиот викенд уловил туна тешка дури 100 килограми во близина на Кварнерскиот остров Плавник!

Loading...

Момчето се борело сам час и половина, на непријатни 35°C, и доби честитки и пофалби од сите обожаватели и учесници на натпреварот Big Game Fishing, бидејќи искусните и постарите луѓе знаат колку е потребна физичка и ментална сила да се надмудри оваа туна.

Тој ги учи вештините од неговиот татко, Бојан Цестар, еден од најуспешните рибари во оваа област, селекторот на словенечката репрезентација за риболов Big Game Fishing и капитенот на успешната екипа на Баракуда.

Иако има само 12 години, Лан неодамна станал рамноправен член на екипажот со неговиот татко и другите натпреварувачи, а веќе на почетокот на оваа кариера станал вистинска сензација со уловот и победата на натпреварот.