Нетанјаху: Израел води војна на „цивилизација против варварството“

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Израел не само што води сопствена војна против палестинската милитантна група Хамас, туку е и „битка на цивилизацијата против варварството“.

Loading...

„Ако цивилизацијата не надвладее, ќе надвладее варварството, а тоа е вашата битка“, рекол Нетанјаху за време на средбата со бугарскиот премиер Николај Денков во Ерусалим, пренесува Тајмс оф Израел.

Нетанјаху го нарече Хамас „најдивиот непријател што сме го виделе од холокаустот“, пренесува Танјуг.

Денков се согласи дека е неопходно „да се искорени Хамас“ и повика на ослободување на заложниците и присуство на Црвениот крст во Газа.

Тој посочи дека светот е „загрижен за тоа што се случува во Газа“ и дека е важно да се обезбеди хуманитарна помош.