Нестабилново време продолжува и за време на викендот

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне пообилни во западните делови и на крајниот исток, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Нестабилно со пороен дожд и грмежи. ќе биде уште во утринските часови, а врнежите ќе се претежно претпалдне и пообилни ќе се во западните делови и на крајниот исток, Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 22 до 28 ° С.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, додека во попладнвевните часови се очекува дестабилизирање на временските услови со појава на грмотевици и дожд. Ќе дува умерен северен, односно северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 23 степени целзиусови.

Поради спуштање на постудена воздушна маса кое започна преку ноќта, појава на нестабилност имаше уште во ноќните часови. Во текот на денот ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи од дожд со ретки грмежи, пообилни во западните и крајните источни делови.

Појава на слаб дожд попладне ќе има и во недела особено на југот. Засилен северен ветер и посвежо време ќе има до понеделник, а потоа иако ветерот ќе остане северен тој ќе е со послаб интензитет и температурите ќе се во пораст.