Нема многу ученици кои отсуствуваат од физичка настава поради превозот, вели Димитриевски (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нема поголем број ученици што отсуствуваат од физичката настава поради проблемот со градскиот линиски превоз, рече денеска на прес конференција градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Loading...

Како што посочи Димитриевски, проблемот е евидентен, но вели дека од економски или други причини од страна на одредени превозници свесно се блокира постапката со цел да се покаже несоработка од страна на општината.

– Можеби поради економски или други лични причини од страна на одредени превозници во овој извесен период можеби се блокира свесно со цел да се покаже несоработка од страна на општината, а ние првенствено се грижиме за здравјето на граѓаните и исполнување на сите еколошки услови и првенствено добивање на поквалитетна услуга затоа што нашите граѓани плаќаат за јавниот превоз во градот, а дополнително општината, односно државата плаќа за користење на училишниот превоз, рече Димитриевски.

 

 

Градоначалникот смета дека компании кои 15 години влечеле финансиски бенефит од ваквиот вид превоз требале да бидат флексибилни во неколкуте дена додека трае жалбената постапка и да им излезат во пресрет на учениците и општината. Некои тоа го сториле, други одбиле.

– Имаше компании кои од своја страна излегоа конкретно и рекоа дека нема да сопрат со превоз на учениците, додека имаше и субјективни компании кои лично го гледаа својот личен и економски интерес и рекоа дека нема да ги превезутваат учениците, но општина Куманово ќе направи се за да го реши овој проблем трајно и еднаш засекогаш да се добие и квалитетен превоз, но и првенствено учениците да добиваат организиран превоз онака како што е предвидено по законот, рече градоначалникот.

Loading...

Средношколците користат јавен превоз, додека за основците мора да има обезбеден специјален превоз со посебни возила, појасни Димитриевски, кој најави дека тоа во иднина строго ќе се контролира и секое непочитување ќе биде санкционирано.

Од Секторот за образование при Општина Куманово велат дека тоа не е нивна надлежност, но со останатите сектори им биле дадени упатства на училиштата како сами да изберат превозници.

– Ние ги повикавме директорите, тоа го работат други сектори, поделена им е документација, се работи на тоа да се заврши. Повеќе линии се ставени во функција, а директорите вчера присуствуваа на состанокот со другите сектори кои им дадоа упатства како да го решат проблемот со ангажирање на посебен линиски превоз за учениците, изјави Александар Јовановиќ, раководител на Сектор за образование.

Инаку од вчера повторно започна да се одвива јавниот линиски превоз во Куманово по еден месец застој. Сепак поради жалбена постапка покрената од одредени превозници, за поголемите населби сѐ уште не се избрани превозници.

Никола Ивановски