Неколкудневен дожд и пораст на температурите од недела

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужните делови врнежите беа претежно од дожд, а кон север од снег. Повеќе врнежи имаше претпладне на запад, а од пладневните часови врнежите се раширија претежно насекаде. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец најизразен на север и во долниот тек на Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на ноќта и натаму времето ќе биде облачно со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет. Во првиот дел од ноќта врнежите ќе се преместт кон исток, а до наутро услови за повремен претежно снег ќе има на запад. Ветерот ќе стивнува.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со услови за слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 5 степени целзиусови. Во текот на ноќта температурата ќе биде околу нулата, врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се задржи.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди слаб локален снег во западните делови кој кон југ ќе преминува во дожд. Кон крајот на денот во југоисточните делови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од -4 до 1, додека максималените од 2 до 7 степени целзиусови.

Во недела преку денот и особено од попладне ќе започнат врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер со што ќе започне неколкудневен врнежлив период на постепен пораст на дневните температури. Утринските температури ќе се претежно во интервал од -3 до +3 степени, иако до вторник и тие благо ќе се покачат.

Leave a Reply