Нејзините нокти заедно се долги 5,5 метри, а сите се прашуваат како оди во тоалет (видео)

Сподели со своите пријатели

Една жена во Тексас ги има најдолгите нокти во светот, чија вкупна должина е 5,5 метри. Ајана Вилијамс живее во Хјустон и се заминава со украсување нокти, а сега влезе во Гинисовата книга на рекорди за 2018 година, пишува „Дејли мејл“.

Повеќе од 23 години ги пуштала своите нокти, а на тој чекор ја инспирирала пријателката. Вели дека има намера да продолжи да ги пушта.

Една од најпровокативните работи која е поврзана за вака долги нокти е облекувањето панталони, а за да ги декорира потребни и се недела дена.

Постојано го привлекува винманието поради своите нокти, а нејзиното семејство и пријателите не гледаат ништо лошо во тоа. За да се грижи за своите нокти, Ајана користи антибактериски сапун и четкичка за да секојдневно ги чисти.

За да им помогне да растат, редовно користи средство за јакнење на ноктите и тенок слој акрил.

„Сакам моите деца да научат дека можат да го постигнат во животот она што го замислиле. Потребно е да се има храброст, дисциплина, трпение и се може да се постигне“ – вели таа.

Додава дека е воодушевена и почестена што се нашла во Гинисовата книга на рекорди.

На социјаните мрежи главно прашање е како таа оди во тоалет…

Loading...