Нејзин пример е Фрида Кало: Се нема избричено година дена, и нема тргнато ниедно влакно од телото (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Елдина Јагањац (31) решила да не ги чупа веѓите и да не ги отстранува брковите. Оваа учителка од Копенхаген размислувала зошто жените мораат да го сторат тоа, додека на мажите им било целосно оставено како опција. Таа фрустрација растела со текот на годините, особено очекувањата на современото општество за жените кога станува збор за изгледот.

Loading...

Таа се прашувала зошто жените треба да ги отстранат сите влакна од телото – од веѓите, лицето, пазувите, нозете и интимните делови, а мажите не мора? Револтирана, Елдина во март минатата година рече едно големо „не“ на жилетите, депилаторите, восоците, пинцетите и одлучи дека повеќе нема да отстранува влакна од нејзиното тело.

 

Таа вели дека не и е грижа како изгледа, но дека сепак мора да се справи со лошите коментари на улица, кои и дофрлаат да се среди или зјапаат во веѓите како да има трето око. Не влијае тоа на неа затоа што е нејзин филтер и точно знае со кого не треба да биде.

– Пред да ги пуштам веѓите да растат толку многу дур не се спојат, помислив дека никој нема да забележи или да коментира маж, но од друга страна, на жените веднаш ќе им биде кажано да ги средат влакната. Порано се чувствував многу нервозно кога требаше да ја напуштам куќата без да ми ги средат веѓите и не одев во теретана ако не ми бидат издепилирани нозете – рече наставничката.

 

Loading...

Таа додаде дека одбрала да се фокусира на важните цели и задачи што треба да ги направи и да ги постигне и да посвети многу помалку внимание на тоа како изгледа. Вели дека на почетокот и било непријатно, но сега е многу задоволна од самата себе.

 

Leave a Reply