Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, на југозападот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 18 до 29 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време за овој период од годината. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во утринските часови температурата ќе се движи околу 13 степени целзиусови, додека дневниот максимум се очекува да достигне до 29 степени целизусови.

 

 

Loading...

Утре во кумановско ќе имаме сончево до умерено облачно време. Температурата ќе се движи во интервал од 14 степени во утринските часови до максимални 28 во текот на денот.

Среда носи натпросечни температури за овој период од годината. Времето ќе биде сончево со мала облачност, температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени целзиусови, а максималната дневна се очекува да се искачи до 30 степени.

 

 

Сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето во четврток. Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, додека дневниот максимум се очекува да достигне 30 сетпени целзиусови.

Петок ќе биде најтопол ден во оваа работна недела. Ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Температурата во утринските часови ќе изнесува 15 степени, додека дневниот максимум се очекува да се искачи до 31 степен целзиусов.

 

Loading...

 

Стабилното време ќе се задржи и во текот на викендот што претстои.

Така во сабота ќе имаме сончево до умерено облачно време. температурата ќе се движи од 15 степени во утринските часови, до максимални 27 во текот на денот.

Недела носи слично време, со температура во интервал од 13 степени наутро, до максимални 26 во текот на денот.

 

 

Loading...

Врнежи од дожд се очекуваат од средината на следната работна недела.

Никола Ивановски