Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, чести електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент седум.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со услови за нестабилност во попладневните часови проследено со врнежи од дожд и електрични празнења. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 28 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Слично време во кумановско ќе имаме и утре кога повторно во попладневните часови се очекува нестабилност. Температурата ќе остане иста како денешната.

Во среда конечно ќе престанат врнежите. Ќе имаме сончево до умерено облачно време, а температурата ќе се движи од 14 степени во утринските часови до максимални 26 во текот на денот.

Делумно сончево време ќе имаме и в четврток, кога максималната температура се очекува да достигне до 28 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Петок носи претежно сончево време. температурата во утринските часови ќе изнесува 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 29 степени целзиусови.

Претстојниот викенд ќе имаме пријатно и топло време.

Во сабота ќе имаме сончево до умерено облачно време со температура од минимални 16 до максимални 31 степен.

Слично ќе биде и в недела кога температурата ќе достигне до 32 степени целзиусови.

 

 

Почетокот на следната работна недела повторно носи раст на температурите.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply