Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. ќе дува слаб ветер од западен, односно југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 12.

 

Loading...

 

Сончево до умерено облачно ќе биде времето во кумановско и во текот на утрешниот ден. Утринската температура ќе биде три степени, а максималната дневна околу 15 степени целзиусови.

Среда повторно носи зголемена облачност и услови за слаби врнежи од дожд, но и пад на температурата. Утринската ќе биде околу нулата, а максималната дневна околу седум степени.

Во четврток ќе имаме сончево до умерено облачно време со минимална температура околу нулата, а максимална дневна околу 9 степени целзиусови.

Петок носи сончево и потопло време. во утринските часови температурата ќе биде околу еден степен, но максималната дневна ќе биде во пораст и ќе изнесува 12 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Претстојниот викенд ќе биде стабилно и суво.

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Температурата ќе се движи од три степени во утринските часови, до максимални 15 во текот на денот.

Слично ќе биде и в недела, кога утринската температура ќе биде околу 5, а максималната околу 16 степени целзиусови.

 

 

Стартот на следната работна недела ќе донесе услови за нови врнежи од дожд.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply