Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време со максимална дневна температура од 27 степени целзиусови.

Loading...

Во текот на ноќта температурата ќе се спушти на 10 степени и ќе имаме претежно ведро небо.

 

 

Во деновите кои ќе следуваат ќе имаме претежно топло и вистинско пролетно време.

Утре времето во кумановско ќе биде делумно сончево со минимална температура од 8, а максимална од 25 степени.

Среда носи претежно сончево и топло време со максимална дневна температура од 27 степени, додека максимумот ќе биде околу 13 степени.

Loading...

Четврток ќе донесе сончево до умерено облачно време, но со висока дневна температура. Максимумот ќе достигне 29 степени, додека минималните температури ќе бидат околу 14 степен.

Петок ќе биде најтоплиот ден неделава, кога ќе имаме периоди на сонце и облаци, но дневниот максимум ќе изнесува 32 степени целзиусови, со минимални утрински температури од 14 степени.

Слично ќе биде и во сабота, со еден степен пониска дневна температура, но претежно облачно.

Недела носи сонце низ високи облаци, но со максимум од 28 степени целзиусови.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply