Неделна прогноза за Куманово: Ќе имаме ли температури над 20 степени?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 6 степени, а максималната дневна ќе достигне 17 степени целзиусови.

Loading...

Во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и умерен до засилен ветер од југ и југоисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 9 степени, додека максималната дневна ќе достигне 14 степени целзиусови.

Среда носи сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални осум до максимални 20 степени целзиусови. Ноќта кон четврток се очекуваат врнежи од дожд.

Во четврток ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 5 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 17 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Петок носи сончево до умерено облачно време, а ќе дува  слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 5 степени, а максималната дневна ќе достигне 19 степени целзиусови.

Во сабот аќе имаме сончево и топло време. Ќе дува умерен ветер од јужен и југосточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 7 до максимални 23 степени целзиусови.

Претежно сончево време со мала облачност ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се движи околу пет степени, а дневниот максимум се очекува да достигне 23 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Од понеделник ќе имаме малку раст на температурите, по што истите повторно ќе паѓаат.

Никола Ивановски