Небензја: Украина стана приватна компанија во сопственост на НАТО

Сподели со своите пријатели

Војната во Украина може да се стави крај само кога целите на Москва ќе се постигнат со преговори или воени средства, изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја, пренесува ТАСС.

Loading...

– Можноста за прекин на специјалната воена операција во Украина ќе се појави дури кога Киев ќе престане да претставува закана за Русија и да ги дискриминира Украинците кои зборуваат руски. Доколку овој резултат може да се постигне преку преговори, ние сме подготвени за такво сценарио. Во спротивно, нашите задачи ќе бидат остварени со воени средства, рече Небензја во петокот на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина.

Тој нагласи дека досега ниту режимот во Киев, ниту неговите западни спонзори не донеле правилни заклучоци од украинската катастрофа.

Рускиот дипломат изјави дека се можело да заврши поинаку за Украина, доколку Киев ги спровел договорите од Минск, кои беа потврдени со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Сепак, тоа никогаш не бил план за украинскиот претседател Володимир Зеленски, неговите претходници, ниту за Франција и Германија како гаранти на Минск, според информациите на канцеларката Меркел и претседателот Оланд, рече Небензја.

Тој рече дека, според сознанијата на Москва, процесот од Минск послужил само како „димна завеса зад која Западот тајно ја вооружувал Украина за да ја сврти против Русија“, пренесе ТАСС.

Претходно, првиот заменик-претставник на Русија во Обединетите нации, Дмитриј Полјански, најави дека на 17 јануари ќе се одржи уште еден состанок на Советот за безбедност на ОН посветен на Украина, што го побара руската влада.

„Украина стана приватна компанија во сопственост на НАТО“

Рускиот постојан претставник во Обединетите нации, Василиј Небензја, на состанокот на Советот за безбедност на ОН изјави дека Украина станала приватна воена компанија во сопственост на НАТО, која добива пари, оружје и инструкции каде да пука од Брисел.

Loading...

– И покрај фактите и здравиот разум, режимот во Киев создаде илузија дека може да ја победи Русија на бојното поле со растечката директна воена помош на НАТО, рече Небензија, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека таквата политика ја претвори Украина во де факто приватна воена компанија на НАТО.

Небензја истакна дека нацрт-резолуцијата на владата во Киев за мировниот план е целосно одвоена од реалноста.

– Тие доаѓаат со секакви екстравагантни идеи, вклучително и мировен план од 10 точки, кој нема никаква врска со реалноста, рече Небензија.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во ноември минатата година во видео обраќање до светските лидери кои се собраа на самитот на Г-20 во Индонезија, претстави мировен план од 10 точки за Украина, што руските власти постојано го оценуваа како „нереален“.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.