Не престанува мистеријата за исчезнатиот питон кој кружи низ Полска (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Питон долг околу 5,5 метри веќе со месеци слободно „шета“ низ Полска, поточно низ област јужно од Вашрава. Грандиозната змија наречена е Берта, а ловот успева да го избегне веќе подолго од два месеци.

Ловот започнал кога организацијата за спасување животни „Animal rescue Poland“ добила известување дека е пронајден дел од змиска кожа долга нешто повеќе од два метри во близина на реката Вистула.

 

Loading...

 

Спасувачките екипи подоцна нашле уште еден дел од отфрлената кожа на змијата, со големина од скоро пет метри, а во обемот имала околу 50 сантиметри.

Дали е ова најголемата измерена змија во светот? (видео)

Експертите заклучиле дека во прашање е индиски питон кој во дивината го пуштил неодговорниот одгледувач. Локалното население е прудепредено да избегнува прошетки крај Вистула, додека трае потрагата.

 

 

Пожарниакрите испратиле бродови и дронови вопотрагата по огромната влечуга, но големата Берта и натаму е на слобода.

Индинските питони растат и до шест метри, а можат да тежат дури 90 килограми. На главата имаат топлотни сензорни јами кои им овозможуваат да откријат плен како глодари и други цицачи.

 

Loading...

 

Имаат слаб вид, но затоа многу развиен слух. Индиските питони го убиваат пленот со каснување и давење со контрокација на телото, додека пленот го голтаат цел.

Leave a Reply