Не и било прв пат: Жена осудена на две години домашен притвор за криумчарење кактус

Сподели со своите пријатели

Судот од Нов Зеланд осудил 38-годишна жена на две години домашен притвор и општокорисна работа, која била фатена на аеродромот во два наврати во обид да прошверцува кактуси и сукуленти скриени во чорапи.

Loading...

Уште во март 2019 година, Венкинг (Венди) Ли билафатена на меѓународниот аеродром во Окланд со 947 сукуленти и кактуси во чорапи што биле обвиткани околу нејзиното тело. Венкинг се враќала од Кина и не успеала да помине царинска контрола затоа што кучињата го предупредиле обезбедувањето дека нешто не е во ред, пренесува проталниот „РТС“.

 

 

„Бидејќи кучињата намирисале дека крие нешто, г-ѓа Ли се обидела да избегне контрола и го сокрила товарот во тоалетот на аеродромот“, се вели во соопштението на Новозеландското Министерство за примарна индустрија.

Властите успеале да спречат уништување на доказите и при претрес во тоалетот пронашле голема количина растителен материјал, вклучувајќи три чорапи исполнети со сукуленти и кактуси во една од корпите за ѓубре во машката тоалета.

Меѓу пронајдените примероци имало најмалку осум загрозени видови кактуси. Се проценува дека вредноста на растенијата на црниот пазар е околу седум илјади долари. Не било познато дали Ли планирала да ги продава растенијата или да ги чува.

Loading...

Во јули истата година, споменатата љубителка на растенија била фатена во обид да прошверцува „142 семиња скриени во ајпад кутија“. Во нејзиниот багаж имало и повеќе од 200 саксии со растенија завиткани во „мувлосана влажна хартија“. Во саксиите биле откриени еден полжав и „дел од дрво од папрат“.

 

 

Нов Зеланд има исклучително строги прописи со кои се забранува воведување на какви било предмети од органско потекло, растенија и прехранбени производи. Овие ограничувања биле усвоени со цел да се спречи воведувањето на растителни штетници и болести во единствениот екосистем на оваа островска држава, пренесува порталот „РТС“.

„Оваа пресуда служи како предупредување за секој што се обидува да прошверцува растенија или други загрозени видови во Нов Зеланд, за да очекува дека ќе биде гонет“, рече Симон Андерсон, висок службеник во министерството.

„Важно е за сите да запомнат дека неовластено воведување на растенија во земјата на кој било начин, без разлика дали е шверцување преку граница или примање производи по пошта, ја загрозува биосигурноста на Нов Зеланд“, додаде Андерсон.

Leave a Reply