Научниците прв пат открија планета со потенцијални услови за живот

Сподели со своите пријатели

Научниците за прв пат открија планета на која лесно може да има живот – тоа е планета која орбитира околу ѕвезда што умира.

Loading...

Планетата беше „откриена“ во т.н „населлива зона“, односно во орбита во која не е ниту премногу студено, ниту премногу топло за постоење живот – се наведува во научното списание „Royal Astronomical Society“.

Професорот Џеј Фарихи од Универзитетот во Лондон, кој е главен автор на студијата, истакнува дека набљудувањето на ваква планета е новост за астрономите.

 

 

– Ова е првпат да се види вакво нешто – постои можност на планетата да има живот кој орбитира околу „белото џуџе“ – рече тој.

Кога многу големи ѕвезди го трошат своето „гориво“, тие се претвораат во „црни дупки“. Но, помалите ѕвезди, како нашето Сонце, стануваат „бели џуџиња“ – ѕвезди кои го потрошиле целото свое нуклеарно гориво и ги изгубиле своите надворешни слоеви.

Loading...

„Белите џуџиња“ обично се со големина на планета и испуштаат синкаво-бела светлина кога се формираат.

Планетата што може да биде погодна за живеење е, во вселената, релативно блиску – таа е оддалечена од Земјата „само“ 117 светлосни години.

Се смета дека е 60 пати поблиску до својата ѕвезда отколку што Земјата е оддалечена од Сонцето.

Тим научници откри „движење“ на 65 структури со големина на Месечината во зоната на живеење на „белото џуџе“. Растојанието на една структура во однос на друга не се менува, што сугерира дека тие се под гравитациско влијание на блиските планети.

 

 

– Тимот беше шокиран. Движењата беа толку прецизни што не можеше да биде грешка – истакнува професорот Фарихи.

Loading...

„Населливата зона“ е еден вид „лента“ околу ѕвездата во која водата на една планета може да постои во течна состојба, што е погодна за живот. Обично таквата зона се нарекува „Зона на златна коса“ (именувана по бајките).

Во исто време, индиските астрономи создадоа нов алгоритам на вештачка интелигенција кој откри 60 потенцијално населиви планети од вкупно 5.000 планети за кои знаеме.

Студијата беше спроведена од астрономи од Индискиот институт за астрофизика и Институтот за технологија и наука Бирла во кампусот Пилани во Гоја.

Методот што го смислиле научниците ги проценил планетите врз основа на нивната сличност со Земјата.

Според студијата објавена во списанието „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“, планетите истакнати со алгоритмот имаат голема веројатност да бидат населени.