НАТО има четири опции: Пекол за Путин или неволја за Украина?

Сподели со своите пријатели

Откако Соединетите Американски Држави и НАТО објавија дека експлозиите во Полска, кои однесоа животи на две лица, се резултат на украинскиот систем за противвоздушна одбрана и случајна грешка за која Украина не е виновна, припадниците на НАТО сега имаат четири опции.

Loading...

Во вторникот вечерта две ракети паднаа врз градот Пржеводов, кој се наоѓа на границата меѓу Полска и Украина. Оваа вест длабоко ја вознемири светската јавност, но и функционерите, кои прво ја обвинија Русија.

Во моментите кога се мислеше дека Русија ја нападна Полска – членка на НАТО алијансата, се зборуваше и за активирање на фамозниот член 5, кој се користи во случај на нуклеарна закана и подразбира заедничка воена акција на сите членки на Алијансата.

Сепак, тензиите ги намали американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека не може со сигурност да потврди дека се работи за руски ракети и дека најдобро би било да се почека крајот на истрагата.

Овие наводи следниот ден ги потврди и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој на прес-конференција рече дека ракетите пристигнале од Украина, но дека земјата не е виновна.

Иако членот 5 речиси сигурно нема да се активира, има уште четири опции кои членките на НАТО можат да ги користат во наредниот период.

Затворање на небото над Украина

Од самиот почеток на војната на 24 февруари годинава, едно од првите барања на Украина беше членките на НАТО да го затворат небото над таа земја, за да спречат ракетни напади од Русија.

Оваа опција потоа беше ставена во мирување, бидејќи претставниците на НАТО веруваа дека тоа е драстичен чекор што ќе направи повеќе штета отколку корист.

Loading...

Жестоките напади врз украинските градови продолжија и во следните месеци, уништена е поголем дел од инфраструктурата во земјата, а ова барање на Украина се уште не е исполнето.

Сега, кога територијата на Европа и НАТО е загрозена поради „прелевање“ на воени активности, можно е НАТО сепак да ја разгледа оваа опција на вонредни состаноци, за да ги заштити своите членки.

Зголемена испорака на оружје за Украина

Во исто време, Украина побара од западните партнери да ја зголемат испораката на оружје, за да може поуспешно да се справи со руските напади.

Со исклучок на Америка, во претходниот период останатите членки на НАТО значително ја намалија испораката на оружје за Украина.

Со помош на системи за противвоздушна одбрана од Запад, Украина успеа да ги одбие руските ракетни напади.

Вчерашните настани во Полска можат да ѝ помогнат на Украина да ги убеди своите западни партнери дека тоа е неопходен чекор и дека, освен сумата на пари што треба да се распредели, може да донесе придобивки и за членките на НАТО.

Дополнителни санкции против Русија

Еден од чекорите што НАТО може да ги разгледа е воведување дополнителни санкции против Русија, така што барем делумно ќе се намалат нападите врз Украина.

Осумте пакети санкции што Европската унија и Соединетите Американски Држави досега и ги воведоа на Русија го немаа очекуваниот ефект. Економијата на Руската Федерација го преживеа ударот, но не доволно за да го принуди Владимир Путин да ги прекине воените операции.

Loading...

Во случај на закана за територијата на Европа и НАТО, членките може да размислат за порадикални санкции.

Зголемување на борбената готовност на членките на НАТО

Некои земји веќе го направија овој чекор, пред се Полска. Локалните власти на овој чекор се решиле веднаш по експлозијата во пограничната област, пренесува Нова.рс.

Слична е ситуацијата и со Литванија, која веќе извесно време е во состојба на готовност поради руската енклава Калининград, а од напад се плаши и Финска.

Нордиските земји веќе ја зголемија својата борбена готовност, а некои испратија свои војници на границите со Русија.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.