НАТО активираше нова борбена група во Бугарија

Сподели со своите пријатели

НАТО активираше нова мултинационална борбена група од повеќе од 1.000 војници во Бугарија овој месец, потег поврзан со зајакнувањето на источното крило на алијансата по руската инвазија на Украина.

Loading...

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, таа е една од четирите нови борбени групи за зајакнување на источното крило на НАТО по почетокот на војната во Украина.

Командата и е доверена на Италија која ќе обезбеди најмногу војници, а учествуваат и САД, Бугарија и Албанија.

Работата на формирањето на борбената група започна во март, кога членките на Алијансата одлучија да формираат четири нови борбени групи како дел од Засилената борбена будност на НАТО поради рускиот напад врз Украина.

Водечка и бројно најмоќна нација ќе биде Италија, чии припадници на 31 јули го напуштија логистичкиот дел од контингентот од пристаништето Бари кон Бугарија.

„Италијанските војници припаѓаат на 82. пешадиски полк на италијанската армија, опремени со пешадиски борбени возила Freccia, со топови од 25 мм и верзии на возила со минофрлачи од 120 милиметри и противтенковски ракети Спајк. Американците како оружје ќе користат оклопни возила „Страјкер“, а во рамките на една компанија има модели со митралези од 12,7 мм Браунинг и носачи на минофрлачи“, се наведува во текстот.

Бугарија користи оклопни возила за следење МТ-ЛБ со тешки митралези и тенкови Т-72 од советско производство.

Засега не е соопштено кои единици и оружје ќе дојдат од вооружените сили на Албанија.

Loading...

Постои отворена можност во борбената група да се приклучат и некои други земји-членки на НАТО.

Претходно, во 2014 година, беше формирано Напред борбено присуство на НАТО со четири борбени групи во Естонија, Латвија, Литванија и Полска.