Наставничка не доаѓала на работа 20 години, па ја отпуштиле: Од плажа најави жалба

Сподели со своите пријатели

Наставничка во Италија, која беше отпуштена поради отсутност 20 години во 24-годишната кариера во училиштата во близина на Венеција, вети дека ќе ја каже својата страна од приказната.

Loading...

Синзија Паолина Де Лио добила отказ во 2017 година, откако на четири месеци повторно се појавила во училиштето и за тоа време успеала да предизвика бројни поплаки од учениците.

Највисокиот суд во Италија го потврди отказот по правна битка, велејќи дека нејзиното отсуство покажува „трајна и апсолутна неспособност“.

Де Лио ја осуди пресудата и вети дека ќе ја „реконструира вистината“.

Средношколската професорка, која е специјализирана за историја и филозофија, рече дека има документи за да ја докаже својата приказна, но за весникот „Република“ изјави: „Жал ми е, но во моментов сум на плажа“.

„Ќе ја реконструирам вистината на фактите на оваа апсолутно уникатна и надреална приказна“, рече таа и додаде: „Не одговарам на прашања од новинари кои не би ја оправдале вистинитоста на мојата приказна“.

Де Лио беше вратена на функција во 2018 година по одлуката на судијата во Венеција, но Министерството за образование ја обжали одлуката и Врховниот касационен суд ја укина минатата недела.

Министерството тврдеше дека наставничката не дошла во училница 20 од нејзините 24 години стаж.

Loading...

Во првите 10 години таа била целосно отсутна, а отсуствата во преостанатите 14 години биле препишани на болест, лични или семејни причини.

Судот слушнал дека во период од четири месеци во 2015 година, кога предавала во Чиоџа во близина на Венеција, учениците се жалеле на нејзината неподготвеност, како и на фактот дека таа нема учебници и нејзиниот „случаен и импровизиран“ начин на оценување.

Увидот констатирал дека е „неподготвена“ и „невнимателна“, а учениците одбиле да присуствуваат на часовите „бидејќи вниманието ѝ го одвлекувал телефонот“, односно затоа што постојано праќала пораки.

Нејзиното разрешување во 2017 година се претвори во правна битка, поминувајќи низ жалби и контражалби пред конечно да стигне до највисокиот суд.

Нејзината одбрана на „слободата на наставата“ беше отфрлена од судот, тврдејќи дека одговорноста на наставникот е да го гарантира правото на учениците да учат.

Опишувајќи се себеси сега како хонорарна новинарка, таа за италијанските медиуми изјави дека има документи кои го отфрлаат тврдењето дека отсуствувала 20 години.

Министерството за образование најави дека „повеќе ќе се труди наставната дејност да се одвива со соодветен професионализам“.

 

Loading...