НАСА им одговори на Анонимуси во врска со откритието на вонземјани (видео)

Сподели со своите пријатели

И покрај наводите кои со брзина на светлоста се проширија на интернет, дека од НАСА планираат да објават детали за големо откритие поврзано за животот надвор од планетата Земја, сепак претставници од американската агенција тврдат дека ништо слично на тоа нема да се случи во скоро време.

НАСА ќе го објави најголемото откритие во историјата на човештвото (видео)

Loading...

Анонимуси или некој кој сака јавноста да поверува дека се работи за таа хакерска група, на интернет објавија видео во кое се тврди дека НАСА ќе открие докази за постоење живот надвор од нашата планета. Веста многу бргу се прошири на интернет и подигна голема прашина, па на крајот реагираше и Томас Курбухен, директор на Американската агенција за истражување на вселената.

Курбухен на Твитер пишува дека и покрај некои најави, нема никакви планирани објави во врска со вонземски живот.

Дали сме сами во вселената? Иако тоа се уште не го знаеме, имаме мисии кои би можеле да дадат одговор на тоа прашање – напишал Курбухен.

Сте сонувале да станете астронаут? НАСА нуди одлична можност – еве ги условите (видео)

 

Голем напрадок во истражување на Сончевиот систем, но и откритие на планети на кои би постоеле услови за човечки живот, се повеќе пружаат надеж дека научниците се на пат да откријат и први траги на живот надвор од Земјата, како и да било.

https://youtu.be/HGh8n1XxDrg