Сте сонувале да станете астронаут? НАСА нуди одлична можност – еве ги условите (видео)

Сподели со своите пријатели

Нема дете кое во своето растење макар еднаш не помислило дека кога ќе порасне мора да биде астронаут. Вслената постојано ја привлекува човековата раса со своите иновации и неконвенционално размислување тежи кон нешто поголемо и подобро.

Loading...

НАСА неодамна одлучи да вработи нови астронаути, а потоа ги објави и неколкуте митови за тоа што се е потребно за да одлетате во вселената.

Мит бр. 1

Мора да има големо пилотско искуство за да станете астронаут

Факт: Искуството е добредојдено, но не е пресудно и секако мора да имате универзитетска диплома од подрачје на науката, технологијата, математика или инжинерство.

Мит бр.2

Мора да имате перфектен вид

Факт: Од 2007 година е дозволено да се приајвите за НАСА програмот ако сте имале ласерска офтамолошка операција. Битно е само да не се пријавувате најмалку година дена од тој медицински зафат.

Loading...

Мит бр. 3

Мора да сте на одредена старосна граница

Факт: Не постои барање за одредена старосна граница кога ќе конкурирате за работа како астронаут. До сега во вселената летале луше од 26 до 46 години.

Мит бр. 4

Мора да имате воено искуство

Факт: Иако поголемиот дел од астронаутите имаат воено искуство и тоа е чест случај, оване е едно од барањата на НАСА. Сепак, едно од барањата е да мора да пројдете низа физички тестови за астронаути, за кои многумина тврдат дека се најтешките физички тестови на светот.

Доколку ги исполнувате дел од овие критериуми на НАСА започнете со подготовки, а заинтересираните може да се пријавуваат до 14-ти декември.