НАСА ќе го објави најголемото откритие во историјата на човештвото (видео)

Сподели со своите пријатели

Хакерската група „Анонимуси“ објави дека американската вселенска агенција НАСА подготвува да објави откритие на интелигентен вонземски живот.

НАСА вели дека вонземјаните доаѓаат – стои на сајтот на оваа дминистрација.

Нивното тврдење се заснова на низа неодамнешни откритија на НАСА, како и на изјавите на еден од портпаролите на агенцијата во април за време на конгресното сослушување „Напредок во потрага по живот“.

Професор Томас Зурбукен од НАСА вели дека чекорите како неодамнешното откритие на водород на сателитот на Сатурн, Енцелада, како и новите откритија на телскопот „Хабл“ од сателитот на Јупитре, Европа, се ветувачки знаци дека сме поблиску од било кога да се докаже постоење на вонземски живот.

Кога предвид ќе се земат сите активности и мисии кои целно бараа докази за вонземски живот, ние сме на работ на едно од најголемите откритија во историјата – вели ЗУрбукен за време на сослушувањето од Одборот за наука, вселена и технологија на американскиот Конгрес.

Во видеото во кое се најавува откритието на НАСА, Анонимуси наведуваат неколку коментари кои ги изнеле астронаутите и истражувачите на вселената, а кои сугерираат дека нешто горе дефинитивно се случува.

 

Loading...