Направена е банкнота од нула евра (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Банкнота со ликот на Карл Марс од „0 евра“ ги воодушеви туристите кои за неа плаќаат три евра. Тоа го потврдува и туристичкиот одбор во Марсовиот роден град Трир, Германија, во кој истакнуваат дека оваа банкнота е на врвот на листата најдобро продавани сувенири.

Идејата да се издаде ваква банкнота е поради 200-годишнината од раѓањето на Маркс, а за помалку од месец дена продадени се 5.000 вакви банкноти. Досега продадена е во над 100.000 примероци.

– Никој не очекуваше дека оваа банкнота ќе стане толку популарна. Нула евра со вистински сериски број, заедно со својата виолетова боја особено ги изненади туристите од Кина, каде Марксовата филозофија и натаму е присутна во идеологијата на владејачката комунистичка партија во земјата, рекол претставникот за туризам и маркетинг од Трир, додавајќи дека всушност оваа банкнота е најпродавана во однос на другите сувенири.

 

Loading...

 

Идејата за банкнотите од „0 евра“ потекнала од францускиот претрпеимач Ричард Фајл. Тој бил инспириран од успехот на својот проект кога продавал медали како сувенири. Тие се продале во над 60 милиони примероци и дизајнирани се во соработка со Париз. Поради тоа Фајл одлучил да креира нови сувенири како овие, висококвалитетни банкноти од 2015. година.

– Секоја година настојуваме да креираме колекција која одржува културен и туристички пејсаж со сите свои различности, како географски, така и секторски, рекол Фајл.

Тој објаснува дека овие банкноти се како и вистинските, традиционални. Истакнува дека квалитетот е врвен, поседуваат воден жиг, холографска заштита, а ефектот е видлив под УВ зраци.

Всушност сета оваа посветеност на деталите привелкла најголемо влијание од колекционерите. На „и-беј“ се продаваат и за 3.000 долари.

Leave a Reply