Наместо еден час со автомобил – 20 минути со летечко такси (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јужна Кореја воведе систем за контролиран воздушен сообраќај (УАМ) со надеж дека овој вид транспорт ќе служи како такси меѓу најголемите аеродроми и центарот на Сеул.

Loading...

Проектот треба да се реализира до 2025 година, со цел да се скрати времето на патување за две третини, пишува Ројтерс.

 

 

Во 2020 година, Јужна Кореја објавила патна карта за да може во 2025 година да започне комерцијално „воздушно патување“ во урбаните области. Министерството за транспорт на таа земја проценило дека ваквата услуга може да го скрати времето на патување, а за растојание од 30 до 50 километри, наместо еден час со автомобил, со летање такси ќе бидат потребни 20 минути.

Возењето од меѓународниот аеродром Инчеон до центарот на Сеул ќе чини 93 долари кога ќе започне комерцијалното патување во 2025 година. Тоа е далеку повеќе во однос на сегашната цена на премиум такси возилата, но министерот за транспорт се надева дека по 2035 година пазарот ќе созрее и дека цената ќе биде поповолна.

Засега е тестирано летечко возило на германскиот производител Волокоптер со две седишта, но тамошното Министерство за транспорт го објави неговиот прототип кој треба да има пет седишта.

Loading...