Најзгодната жена во светот го јаде само ова за појадок

Сподели со своите пријатели

Меган Фокс важи за една од најубавите жени во светот, дури и најголемите критичари не можат да и најдат замерка. Совршено исправни црти на лицето, зелени очи и тело на кое половина планета и завидува, секој би помислил дека мајката природа и дала се што може да се подари.

Loading...

Вистина е дека оваа мајка на три деца се грижи за исхраната, витката линија и пред се за здравјето. Убавицата не јаде преработена храна и онаа богата со јаглехидрати. Тоа во интервју го потврди и нејзиниот вереник Машин Ган Кели.

„Таа се храни супер здраво. На нејзиното мени сè е без глутен и органско.

Поточно, Меган практикува диета со пет фактори што и ја препишал нејзиниот личен тренер Харли Пастернак. Обично има три мали оброци на ден и две големи закуски помеѓу нив.

 

 

А еве што точно јаде познатата актерка за појадок, ручек и вечера…

Loading...

Доручек

Меган го започнува денот со богат појадок составен од белки од јајца, бадеми и овесна каша.

„Фокусот е на протеините, влакната и здравите масти“, рече Пастернак.

Бадемите се јаткасти плодови со најмногу растителни влакна, витамин Е и рибофлавин и имаат околу 6 g растителни протеини. Белките во едно големо јајце имаат околу 4 грама протеини. Така, појадокот содржи доволно протеини за да ја одржува Меган сита неколку часа.

Фокс избегнува алкохол и енергетски пијалоци, а денот започнува со кафе.

„Најлошото нешто што го ставам во телото е кафето еднаш дневно“, рекла таа во една прилика.

 

Loading...

 

Ручек

Салатите од пилешко или лосос на скара обично се избор на Меган за ручек. Пастернак препорачува пилешкото или рибата да бидат со големина на рака. Контролата на порциите е клучна, а кога актерката сака да ослабе, пие јаболков оцет или со него зачинува салата.

Вечера

Ако лососот не бил за ручек, тогаш дефинитивно е на менито за вечера.

„Меган Фокс конечно ме послуша… Сега обожава лосос и го јаде барем еднаш дневно. Повеќе сашими од лосос, салата од краставици, мисо супа и малку зелена соја“, откри Пастернак.

 

Loading...

 

Закуски

Актерката успешно се спротивставува на грицките, има две нутритивно избалансирани закуски меѓу оброците: едната помеѓу појадок и ручек, а другата помеѓу ручек и вечера или после вечера. Меган сака смути, а нејзиниот нутриционист откри и кои се нејзините омилени.

Нејзиниот омилен е црвено смути, од било која бобинка, чај од кардамон, топка протеински прав и малку бадемово млеко.

Актерката пие и протеински шејкови во текот на денот, а навечер јаде овошје. Бидејќи не троши многу јаглехидрати, овошјето е здрав извор на оваа хранлива материја