Најмалку тројца загинати во судири по упадот на израелските сили во Џенин

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица загинаа во размена на оган меѓу израелските сили и Палестинците, откако Израелците упаднаа во градот Џенин на Западниот Брег во текот на ноќта и извршија напад за кој жителите велат дека вклучува и воздушен напад.

Loading...

Заедно со звуците од пукотници и експлозии што се слушаат низ градот, жителите пријавиле и голем број дронови кои кружат над Џенин, пренесува Ројтерс.

Најмалку шест дронови можеа да се видат како кружат над градот, според очевидци, но израелската војска одби да прецизира дали имало напади со беспилотни летала во денешните операции.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не е исклучено и ЕУ да го забрани ТикТок

„Имаше воздушни напади врз бегалскиот камп. Секогаш кога влегуваме во конфликтната зона со пет до седум амбулантни возила и се враќаме полни со повредени“, вели возач на Брза помош од Џенин.

Стотици вооружени борци од милитантните групи вклучувајќи ги Хамас, Исламскиот џихад и Фатах биле во бегалскиот камп, кој беше цел на серија напади на израелските сили од почетокот на годината.

Израелската армија соопшти дека нејзините сили во рамките на опсежната борба против тероризмот на Западниот Брег ја нападнале зградата која служела како команден центар на борците на бригадите Џенин, пренесува Танјуг.