Најмалку девет лица загинаа во пожар во трговски центар во Пакистан

Сподели со своите пријатели

Најмалку девет лица загинаа, а неколку други се повредени во пожар што зафати трговски центар во пакистанскиот град Карачи, соопштија денеска властите.

Loading...

Пожар избувна рано утринава во катниот трговски центар РЈ во најнаселениот пакистански град, на југот на земјата, а пожарникарите спасија околу 50 лица, додека повеќе од нив останаа во зградата, јавува пакистанската ТВ Гео њуз.

Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб Сидики, потврди во изјавата на платформата Х дека најмалку девет тела биле пренесени во локалните болници по пожарот, пренесува Ројтерс.

„Потрагата продолжува“, додаде градоначалникот на Карачи.

Причината за пожарот се уште не е позната, а Geo News објави дека неколку лица кои се повредени во пожарот се пренесени во болници на лекување.