Најмалку 44 лица умреле за неколку дена од труење со алкохол во Турција

Сподели со своите пријатели

Најмалку 44 лица умреа во рок од неколку дена во Турција поради труење поврзано со токсични алкохолни пијалоци, при што полицијата извршила неколку апсења и конфискувала тони шишиња алкохол, ја пренесе ДПА државнатаа телевизија ТРТ.

Loading...

Од 9 октомври најмалку 30 лица низ цела Турција се примени во болница поради труење со метанол.

Цената на алкохолните пијалоци во земјата постојано расте откако властите на неколку пати го зголемија данокот на алкохолните пијалоци, додава агенцијата.

Во рациите низ целата земја, од минатата недела до денеска полицијата приведе 22 осомничени и заплени речиси 20 тони алкохол и алкохолни пијалоци, јави државната агенција Анадолија.

Во Турција од ден на ден се зголемува потрошувачката на домашен или дестилиран алкохол произведен во нехигиенски услови, јавуваат локалните медиуми.

Податоците на Евростат покажуваат дека Турција во август имала највисока цена на алкохол споредено со сите земји на  ЕУ и Европската асоцијација за слободна трговија, додава ДПА.

Сашко Димевски

Leave a Reply