Најкратката војна во историјата траела пократко од полувреме на фудбалски натпревар

Сподели со своите пријатели

Дали некогаш сте се запрашале која е најкратката војна во човечката историја?

Loading...

Конфликтот меѓу Велика Британија и Занзибар траел само околу 38 минути и затоа е во Гинисовата книга на рекорди.

Британската морнарица, по државниот удар на островот, ја победи армијата на сунлтанот на Занзибар.

Војната започнала по смртта на владејачкиот султан во Занзибар и била заменета со неговиот братучед, кој не бил по волја на Британците.

Британците сакале друг кандидат да стане султан, а не гореспоменатиот братучед на покојниот султан на кого му дале ултиматум да ја напушти султанската палата до 9 часот наутро на 26 август 1896 година.

Кога истекол ултиматумот, командантот на британската флота, адмирал Хари Роусон, наредил оган од бродовите во палатата во 9 часот и 2 минути.

Харемот на султанот бил погоден и избувнал пожар. Султанот избегал, а војната завршила официјално во 09:40 часот, кога Британците престанале да пукаат и палатата била ефективно окупирана.

Британците го назначиле својот кандидат Хамуд бин Мухамед за нов султан.

Loading...

Султаните владееле со Занзибар до 1964 година, а подоцна Занзибар бил вклучен во новата држава наречена Танзанија (што всушност е кратенка за TANganjika и ZANzibar).