Најефикасните намирници за бели заби

Сподели со своите пријатели

Белината на забите е тешко остварлива. Обично ги валкаме забите секојдневно со обоени хранливи материи. Но има и храна, која помага во избелувањето на забите. Која е таа?

Темно чоколадо

Можеби мислите дека чоколадото ги премачкува забите и ги расипува? Тоа не важи за црното природно чоколадо. Во него има една супстанција наречена теобромин што образува посебни мерки или поточно изолиран слој на емајлот на забите, кој штити од боење.

Јагоди

Јагодите се не само преполни со витамини и влакна, тие се идеално средство за белење на забите. Во нив се содржат киселини, кои дејствуваат како “белило” за забната површина.

Сода бикарбона

Содата бикарбона одамна е позната по избелувачките квалитети. Растворете една лажичка сода во една лажичка вода. Направете паста и втријте во забите. Не тријте многу грубо, за да не се оштети емајлот.

Босилек

Џвакајте листови од босилек. Тој е моќен антибиотик кој ја спречува појавата на бактерии, а заедно со нив и обоените дамки на забите.

Ананас

Ананасот е исто така богат со киселини и ензими кои дејствуваат како средства за белење за натрупаните дамки на забната глеѓ. Супстанцата бромелаин помага за разградувањето на каменот и најлесното  отстранување со четката за заби.