Најдобрите љубовни класици кои мора да ги погледнете (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сезоната на годишни одмори започна, а ако имате слободно време можете да го направите позабавно и со овие пет најдобри љубовни класици на сите времиња.

Loading...

Скоро и да не постои ново филмско остварување кое може да ги надмине или да им парира на познатите стари филмови, кои повторно и повторно ги гледаме.

За вас издвоивме пет филмови, кои со својот успех треба да влезат во лектирите за седма уметност, а кои задолжително треба да ги гледате.

  1. Казабланка

„Казабланка“ сигурно спаѓа во еден од омилените филмови на поголемиот дел од обожавателите на седмата уметност. Филмот се базира на прашањето кое со векови го мачи човештвото – дали да се послуша срцето или разумот?

Дејството се одвива за време на Втората светска војна, а во главната улога се Хамфри Богарт кој ја толкува улогата на Рики Блејн, рамнодушен сопственик на локал во Мароко.

Главната женска улога ја игра Ингрид Бергман која ја толкува Илза, жената која Рик некогаш ја сакал и која „сега“ се појавува со мажот…. Но, да не претеруваме погледнете.

 

Loading...

 

  1. Појаодкот кај Тифани

Прекрасната Одри Хепберн ја толкува улогата на Холи Голајтил, припаднична на њујоршкиот висок стажел, која заработува како бизнис ескорт. Станот и е во неред, лежи до доцна, станува уште подоцна. Варжал на прв поглед го освојува преубавата Холи, додека таа сака да бидат само пријатели.

Како што минува времето, двајцата се вљубуваат едно во друго, но Холи не е подготвена да се врзува за било кој и непрестано вели декалуѓето не припаѓаат едни на други. Пол сфаќа дека зад тоа студенило се крие вистински страв и на сите начини се обидува да ја спречи по лошите мажи да излегува со уште полоши.

 

 

  1. Однесено од виорот

Овој класик има освоено осум Оскари, а прикажува борба на убавицата Скарлет О’ Хара за време на Американската граѓанска војна. Скарлет ја доловува Вивејн Ли, додека во улогата на напорниот Рет Батлер се најде Кларк Гебл.

Силната и убедлива приказна за љубовта која се обидува да ги победи сите искушенија која носи војна, испреплетена со драма, хумор, иронија и неизбежни елемнти на трагедија и денес буди емоции кај гледачите.

Loading...

 

  1. Африканска кралица

Филмот во кој главните актери се Хамфри Богарт и Кетрин Хепберн зборува за почетокот на Првата светска војна. Германските војници во Африка го убиваат британскиот мисионер Самуел Сојер. Неговата сестра, Роуз се обудва да избега со бротчето „Африканската кралица“ со помош на капетанот Чарли.

За време на патот, на кој наидуваат на низа пречки, двајцата се вљубуваат едно во друго. Носталгична и романтична приказна влијаела овој филм да се најде во најдобрите класици во светот.

 

 

  1. Еден маж и една жена

Оваа француска мелодрама во 1966. година претставува вистинска уметничка љубов со многу стил, француска елеганција, дух и животна сила и заслужено важи за еден од најдобрите љубовни класици.

Loading...

Филмот зборува за двајца луѓе, трагични судбини, кои случајно се запознале. Разговараат за животите, кариерите и починатите прачни партнери. Во разговорите пронаоѓаат лек за своите животи со трагични околности. Набргу стануваат пријатели, а потоа нивното пријателство прераснува во љубов.

 

Leave a Reply