Најдобри вежби за истегнување на ‘рбетот: Вистински лек за болки во грбот!

Сподели со своите пријатели

Најдобро од сe e тоа што овие вежби може да се изведат насекаде и во секое време

Loading...

Седечкиот и статичен живот е најчеста причина за заболувања на ‘рбетот. Ако се одалечивте малку во младоста, седнавте пред ТВ и не ги активиравте стомачните и грбните мускули, тоа значи дека во староста ќе се манифестира во форма на заболување на зглобовите, нарушување на држењето на телото, но и работата на внатрешни органи.

Најдобар лек за ‘рбетот е вежбањето. Не е лесно, но е ефикасно. Ви ги носиме најдобрите вежби за истегнување кои ќе им помогнат на сите што ги прават редовно:

Вежбајте за да го истегнете ‘рбетот во пределот на вратот и да ги зајакнете мускулите на горниот дел од грбот:

 

 

1. Застанете во правилна положба на држење на телото: грбот е исправен, стомакот е стегнат, рамената се исправени, брадата е паралелна со подот.

Loading...

2. Опуштете ги сите мускули.

3. Подигнете ги рацете над главата спојувајќи ги со дланките, како покрив над главата.

4. Навалете ја главата напред.

 

 

5. Држете ги рацете над главата и вратете ја главата во првобитната положба.

6. Потоа навалете ја главата назад, држејќи ги рацете во иста положба над главата.

Loading...

7. Вратете ја главата на средина, а потоа повторно надолу.

8. Направете ја оваа вежба полека и кога ќе ја спуштите главата или ќе ја навалите, држете ја во таа положба 6 секунди.