Над 80 отсто од Американците загрижени за состојбата на демократијата во САД

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 80 отсто од американските гласачи се загрижени за состојбата на демократијата во САД, покажуваат резултатите од истражувањето на Центарот за двопартиска политика и агенцијата Morning Consult.

Loading...

Според порталот „Хил“, дури 82 отсто од гласачите рекле дека се загрижени за демократијата во САД, вклучително и 40 отсто кои рекле дека се „многу загрижени“.

Во исто време, 59 отсто од Американците велат дека не веруваат дека Демократската и Републиканската партија се способни заедно да донесат закони во Конгресот.

Дури 88 отсто од испитаниците ја навеле инфлацијата како најголема грижа, додека 84 отсто рекле дека тоа влијае на нивните трошечки и финансиски навики.

Околу 73 отсто од Американците се загрижени дека би можеле да ги загубат своите работни места поради развојот на вештачката интелигенција, додека 46 отсто од анкетираните изјавиле дека не се задоволни од зголемувањето на користењето и услугите на вештачката интелигенција.

Анкетата е спроведена од 21 до 24 август, а во неа учествувале 1.959 запишани гласачи, јавува Танјуг.