Над 700 лица ставени во изолација, исто толку казнаети за неносење маска

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 702 лица им се издадени решенија за изолација, а 210 лица потпишале изјави за самоизолација.

Loading...

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека три лица не ја почитувале мерката за изолација, а едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 705 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Никола Ивановски

Leave a Reply