Над 30 литри дожд изминатото деноноќие наврнаа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 31 литар воден талог на метар квадратен паднале во текот на изминатото деноноќие на територијата на Куманово, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Најголеми врнежи изминатото деноноќие имало во Маврово 87 литри на метар квадратен, Дебар 65, во Крива Паланка 57 и во Берово 40.

Од УХМР смируваат, нема опасност од излевања

– И покрај обилните врнежи, поради изминатиот сушен период во претходните неколку месеци, немаше поголема реакција на водотеците кои сепак бележаат извесни зголемувања, велат од Управата за хидрометеоролошки работи

Во текот на денешниот ден се очекува да продолжат врнежите но со помал интензитет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Генерално состојбата во земјата е стабилна, оценува УХМР, но сепак можно е зголемување на водостојот на дел од реките во текот на денов.

– Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден, стои во соопштението.

Oблачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни (над 40 l/m 2 ), ќе биде во текот на денешниот ден низ Македонија.

Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме врнежи од дожд, а издадени се две жолти метео предупредувања, за опасност од дожд и предупредување за невреме со грмотевици. Ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ватер. Температурата ќе се движи од минимални шест до максимални 13 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Никола Ивановски