Над 280 возачи казнети во Куманово изминатата недела

Сподели со своите пријатели

Над 280 возачи биле казнети во текот на изминатата надела на подрачјето на Куманово поради непочитување на сообраќајните правила.

Loading...

– Во текот на изминатата недела, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 281 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, или 215, биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

30 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 21 за управување возило без возачка дозвола, 11 за нерегистрирани возила и 4 за не носење заштитен шлем.

Сообраќајните контроли, нагласуваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски