Над 200 возачи казнети викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Над 200 возачи во Куманово во текот на изминатиот викенд биле казнети од полицијата поради сторени сообраќајни прекршоци.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 206 возачи, информираат од полицијата.

Најголем дел од казните, или вкупно 171 биле поради управување возило со брзина поголема од пропишаната, 19 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола и 1 за нерегистрирано возило.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило

Сообраќајните контроли, посочуваат од кумановската полиција, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на СВР Куманово.

Никола Ивановски