На Табановце се чека и по половина час за излез од државата

Сподели со своите пријатели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Loading...

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, на граничните премини Богородица и Табановце се чека од 15до 30 минути, на другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се  однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply