На пониските места дожд, на повисоките снег

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Во првата половина од ноќта снег врнеше и во Пожаране. Дуваше слаб до умерен ветер од североисточен и југоисточен правец.

Loading...

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег ќе биде временската прогноза за текот на денешниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу петиот степен, додека максималната дневна ќе изнесува 7 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Врнеживото време ќе се задржи и во следните денови.

Никола Ивановски