На оваа планета наместо дожд паѓа железо

Сподели со своите пријатели

Егзопланетата од соѕвездието Риби, оддалечена од Земјата390 светлосни години, има врнежи, но наместо дожд таму паѓа железо.

Loading...

Дождот од железо паѓа затоа што едната страна на планетата WASP-76b е вечно свртена кон матичната ѕвезда, поради што постојано се осветлува, додека другата страна е во вечен мрак, пишува Salon.com.

Научници откриле планета на која можеме да дишеме

Ова е познато како синхрона ротација, што значи дека периодот во кој планетата орбитира околу својата ѕвезда трае сè додека трае нејзината ротација околу сопствената оска. Ова е слично на нашата Месечина, која исто така е во синхрона орбита околу Земјата и затоа постојано гледаме само една страна од сателитот.

Според студијата на тимот предводен од професорот од универзитетот во Женева, Дејвид Ехренехх, WASP-76b добива илјадници пати поголемо зрачење од Земјата на својата дневна страна.

Поради екстремната топлина од страната на Сонцето, металите како железо испаруваат во атмосферата, а радиоактивната топлина ги раздвојува овие молекули на атоми.

Откриена планета близу Земјата на која е можен живот

Потоа, поради екстремната температурна разлика помеѓу дневните и ноќните страни, се создаваат многу силни ветрови кои го носат железното како пареа до ноќната страна, каде се кондензира и паѓа како дожд на површината.

Loading...

Сепак, капките се во течна форма, а не цврст метал.

Железото, метален проводник, е една од најчестите состојки во Земјината кора. Исто така е клучно за нашата биологија – црвената боја на крв потекнува од атомите на железо во хемоглобин. Но, тоа не значи дека има живот на WASP-76b.

Најнеобичните луѓе на планетата изгледаат вака (ФОТО)

„Не можеме да кажеме со апсолутна сигурност, но веројатно нема живот таму, барем не начинот на кој ние го познаваме. Оваа планета е навистина жешка, со температури од над 2.500 Целзиусови степени на дневна страна, иста е по голема како Јупитер, навистина неодржлива за конвенционалниот живот – рече Стефано Кристијано, еден од авторите на студијата.

Salon.com исто така потсетува дека Марс својата црвена боја ја должи на железо, што во универзумот е еден од последните елементи создадени со фузија во суперврели супергусти ѕвезди.

WASP-76b не е единствената планета со необични врнежи од дожд – титаниум оксид е снег на Кеплер 12 Аб, додека некои научници веруваат дека Нептун и Уран имаат дијамантски дожд, додека податоците сугерираат дека н аХД 189733b паѓа стакло од небото.

Leave a Reply