Откриена планета близу Земјата на која е можен живот

Сподели со своите пријатели

Американската вселенска агенција НАСА објави дека нејзиниот сателит „ловец на планети“ ТЕСС пронашол свет со големина на Земјата во рамките на појасот од ѕвезди во кој би можело да се живее,  и што би можело да овозможи присуство на течна вода, пренесува АФП.

Loading...

Планетата именувана „ТОИ 700 д“ е релативно близу до нашата планета Земја, оддалечена само стотина светлосни години, соопшти НАСА за време на годишниот состанок на Американското астрономско друштво во Хонолулу, Хаваи.

„TESS беше дизајниран и лансиран со мисија да пронајде планети со големина на Земјата кои орбитираат во близина на sвездите“, рече Пол Херц, директор на одделот за астрофизика на НАСА.

АФП јави дека ТЕСС првично погрешно ја класифицирал ѕвездата, што значи дека планетите изгледаат поголеми и потопли отколку што всушност се.

Но, неколку аматерски астрономи, вклучително и средношколец Алтон Спенсер, кои работат со членови на тимот на ТЕСС, укажаа на грешката.

„Кога ги коригиравме параметрите на ѕвездата, големините на нејзините планети се намалија и сфативме дека најодалечената таа има големина на Земјата и е во зоната на можен живот“, вели Емили Гилберт од Универзитетот во Чикаго.

Овој наод подоцна беше потврден од вселенскиот телескоп Спицер.

Ѕвездата „ТОИ 700“ е со мала големина, околу 40 проценти од големината на Сонцето и двојно помалку топла од нашата везда.

Loading...

Пронајдени се три планети во орбитата, со имиња ТОИ 700 б, ц и д. Само „д“ е во таканаречената зона на можен живот, ниту премногу блиску ниту премногу далеку од ѕвездата.

Leave a Reply