Научници откриле планета на која можеме да дишеме

Сподели со своите пријатели

Тим астрономи од астрономската опсерваторија во Шангај идентификувале присуство на кислород со анализирање на светлосните бранови што стигнале до Земјата од Маркаријан 231, галаксија оддалечена околу 581 милиони светлосни години.

Loading...

Анализата откри дека има 100 пати повеќе кислород во галаксијата „Маркаријан 231“ отколку што во моментот има на Млечниот пат.

Истражување открива како би реагирало човештвото доколку пристигнат вонземјани

Во последните 20 години, молекулите на кислород се забележани на две други локации на Млечниот Пат – облакот Ро Опиучи и Орион небули, потсетува Дејли Меил.

Луѓето можат да вдишат чист кислород за краток временски период, но за да функционираат нормално, нашите респираторни системи зависат од другите елементи во воздухот, како што се азот и јаглерод диоксид.

Британска астронаутка тврди: Вонземјаните постојат и можеби веќе се на Земјата

Иако кислородот е еден од клучните елементи на развој на форми по живот, вдишувањето на чист кислород за долги периоди може да доведе до трајно оштетување на белите дробови и труење со кислород.

Тимот од Шангај смета дека е потребно понатамошно истражување на планетите на оваа галаксија за да се утврди дали има услови за живот таму.

Loading...

Leave a Reply