На лотарија освоил 1,35 милијарди долари, на крајот не добил ниту половина од освоеното

Сподели со своите пријатели

Среќен човек од Мејн, САД минатиот месец го освои џекпотот Mega Millions во износ од 1,35 милијарди долари, а тоа беше точно на петок 13ти.

Loading...

Но, сумата што тој всушност ќе ја добие ќе биде 498 милиони долари, ниту половина од она што всушност го освоил.

Тоа е четвртиот најголем џекпот во историјата на САД, кој некој дошол да го бара во средата, но не како физичко лице, туку во име на компанијата LaKoma Island Investments LLC.

Човекот побарал неговата добивка да биде исплатена одеднаш во готово, а поради таа одлука мора да плати дури 723.564.144 долари данок.

Да одлучил да ја исплати добивката на рати, ќе добиел поголема сума, но добивката ќе му била исплаќана во наредните 29 години, на 30 рати.