На која возраст се најпривлечни жените, а на која мажите?

Сподели со своите пријатели

Истражувањето на повеќе од 16.000 луѓе од осум земји се обиде да открие што мислат луѓето за нивната привлечност.

Loading...

Сите одговориле на прашањето колку години според нив имаат најубавите жени, а колку мажите.

Резултатите од истражувањето покажале дека испитаниците ги сметаат жените на 28-годишна возраст за најпривлечни, додека мажите се на врвот на привлечноста на 32-годишна возраст.

Истражувањето е спроведено во Италија, Германија, Франција, Шпанија, Велика Британија, Австралија, Канада и САД.

Интересно е што резултатите по земји многу се разликуваа од вкупните резултати.

Според Американците, жените се најубави на 31 година, а мажите на 34. На спротивната страна се Британците, според кои жените се најубави на 23 години, а мажите дури десет години постари, односно на 33 години, пренесува index.hr.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Црвените јајца се вапцаат пред изгрејсонце