На илјадници жени им е уништен животот, по операција на вагината која требала да им помогне (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Операцијата на вагинална мрежа е суспендирана во Британија откако се појавиле докази дека таа буквално го уништува животот на жените.

Вагиналната мрежа е синтетичка лента направена од пластика која се користи за лекување на уринарна инконтиненција кај илјадници жени. Уринарната инконтиненција или неволно мокрење, кое се манифестира во распон од повремено „бегање“ на мокраќата до целосна неможност од задржување на истата.

Меѓутоа, постојат тврдења дека оваа вагинална мрежа не е безбедна и дека буквално им го уништува животот на жените. За тоа зборуваат и жени кои биле дел од овој третман.

Џули Гилсенан работи како болничарка веќе 12 години. Во февруари направила ваква операција која траела околу 20 минути, а до тогаш била активна мајка на петгодишно дете.

https://www.facebook.com/skynews/videos/2302707103077207/

Loading...

Оваа операција подразбира вметнување на мрежеста лента низ вагината на жената за да ја држи бешиката. Направена е од пластика и додека е во телото може да оштети некои органи.

Џули денес едвај оди, има хронични болки и повеќе не може да работи. Според нејзините зборови, не може да има ниту секс.

– Најголема болка чувствувам околу карлицата, а потоа се спушта преку моите нозе и постојано ја чувствувам. Толку е остра што чувствувам како некој да ме прободува во препоните, рекла таа.

Здравствениот регулатор рекол дека мрежата е безбедна и ефикасна опција и дека не постојат доволно докази таа да се забрани, пренесува Скај њуз.

Џули се надева дека вагиналната мрежа ќе и ја отстранат во декембри, но во прашање е опасна операција и не гарантираат дека ќе биде успешна.

– Си играат руски рулет со животите на жените така што им ставаат пластичен предмет во телото. Можеби ќе бидете во ред, а можеби и нема, мене ова ми го уништи животот. Оваа операција мора да биде стопирана, рекла Џули.

Операцијата е суспендирана во Англија откако владата ја прифатила препораката за проверка на безбедноста на средствата додека не се исполнат низа услови.

Leave a Reply