На Алјаска паднаа над 2,6 метри снег, се урнаа згради

Сподели со своите пријатели

Во снежната бура што ја зафати Алјаска досега паднаа повеќе од 2,6 метри снег, предизвикувајќи уривање на покривите на комерцијалните згради во Енкориџ.

Loading...

Од тие причини, властите ги повикаа жителите да го исчистат снегот од своите покриви.

 

 

Дополнителни 16 сантиметри снег паднаа во Енкориџ за време на викендот, со што најголемиот град на Алјаска достигна 254 сантиметри снег, а се очекува да се надмине рекордот од 342 сантиметри.

Во текот на изминатите седум дена, температурите во Енкориџ беа под нулата секоја вечер, достигнувајќи до минус 17 степени Целзиусови, пренесува ABC News.