Мотоциклист тешко повреден на патот Скопје – Куманово

Сподели со своите пријатели

На регионалниот пат Скопје – Куманово, во село Арачиново,  вчера околу 20.30 часот мотоцикл „Јамаха“, управуван од М.Р.(21) од село Арачиново, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа, како што информираат од полицијата, М.Р. се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, па препратен во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Leave a Reply