„МОРСКА ТЕРАПИЈА“: Еве како солената вода, песокот и морски звуци влијаат на нас!

Сподели со своите пријатели

Повеќето луѓе едвај ги чекаат летото за да се релаксираат некаде на песок, покрај море.

Loading...

Не само што е можност да се избега од секојдневните обврски, туку има и научни докази дека сè на море работи во наша полза – од солена вода, преку песок, до звуците и боите.

 

 

Вода

Морската вода е богата со разни минерали, па затоа добро влијае на проблеми со кожата како псоријаза и егзема.

Корисна е и при проблеми со носот, синузитис, но и треска. Исто така, ни помага психички да се чувствуваме подобро стимулирајќи ослободување на хормоните допамин и серотонин.

Loading...

Пливањето, кое е најчеста активност на море, е вежба која добро влијае не само на физичкото, туку и на менталното здравје, бидејќи ни помага ментално да се регенерираме во контакт со природата.

 

 

Ветер

Воздухот на море ќе ви помогне да се чувствувате порелаксирано, да спиете подобро, но ветерот исто така ќе помогне во детоксикација.

Вдишувањето морски воздух всушност води до полнење на белите дробови со негативни јони кои го подобруваат имунитетот. Овие јони имаат и антидепресивно дејство и можат да помогнат при поблаги форми на сезонско афективно нарушување, т.е. сезонска депресија.

 

Loading...

 

Песок

Тешко дека има нешто поубаво од лежењето на топол песок, додека психички сте целосно опуштени. Песокот, исто така, има добар ефект врз кожата, како што е пилинг и помага да се отстранат мртвите клетки на кожата.

Одење по песок може да ни помогне да се опуштиме, но може да го забави и стареењето, бидејќи при одење по оваа површина, електроните се апсорбираат од земјата.

Звуци

Звукот на морските бранови носи чувство на мир и рамнотежа. Му помага на мозокот да се релаксира, да биде во медитативна состојба.

Покрај тоа, мозокот генерално реагира позитивно на вода, па дури и на звуци.

Loading...

 

 

Боја

Едно интересно истражување покажа дека луѓето кои живеат така што имаат поглед на море секој ден се значително помалку под стрес.

Судејќи според резултатите од таа студија, постои врска помеѓу здравјето и сината боја на небото и морето.

Loading...

Инаку, се смета дека сината боја им помага на луѓето да се релаксираат, а тоа секако е уште поизразено на плажа, кога чувствувате и мирисате и слушате звуци.

Leave a Reply