Морничаво: Исчезнат милионер пронајден распарчен во куфер, главата му ја пронашле по три дена

Сподели со своите пријатели

Полицијата започна истрага за убиство откако група деца во Аргентина ги открија распарчените останки на исчезнатиот милионер Фернандо Перез Алгаба (41) во текот на викендот.

Loading...

Ужасниот случај излезе на виделина откако децата пронајдоа црвен куфер исполнет со делови од телото во неделата додека си играле покрај поток во градот Ингениеро Баја, провинцијата Буенос Аирес.

Родителите на децата ја известиле полицијата која го прегледала куферот и наводно внатре ги пронашла нозете и подлактицата на жртвата, а во потокот уште една цела рака.

Три дена подоцна, главата и торзото биле откриени, објави Ел Паис.

Делови од телото се целосно ампутирани, што укажува на работата на професионалци, објавија локалните медиуми.

Во меѓувреме, последователната обдукција откри дека жртвата била застрелана три пати пред да биде распарчена.

Полицијата го идентификувала Алгаба по отпечатоци од прсти, како и препознатливи тетоважи на делови од телото.

Бизнисменот е прогласен за исчезнат од минатиот вторник.

Loading...

Бизнисменот собра милиони со изнајмување луксузни возила и продавање криптовалути, кои често ги рекламираше на своите 900.000 следбеници на Инстаграм.

Се вели дека инфлуенсерот, кој живеел во Барселона, Шпанија, бил во Аргентина една недела пред неговото наводно убиство.

Алгаба наводно го изнајмил станот и требало да ги врати клучевите на 19 јули, но не се појавил и не се јавил на телефон.

Полицијата уапси осомничен за смртта на Алгаба.

И додека мотивот зад наводното убиство останува нејасен, властите се сомневаат дека инфлуенсерот е убиен поради неговите бројни долгови.

Меѓу пријателите е познат како Лечуга, почнал да доставува храна на 14 години. Потоа почнал да купува оштетени возила кои ги поправал и продавал.

Посветеноста на младиот претприемач наводно се исплатела бидејќи на 24-годишна возраст тој поседувал голем магацин полн со автомобили и мотоцикли од високата класа.

Алгаба основаше компанија за изнајмување на луксузни автомобили и џет ски во Мајами.

Loading...

Во текот на неговите последни години, Алгаба беше вклучен во трговија со криптовалути од канцеларија во Буенос Аирес со над 25 вработени.

Сепак, тој има акумулирано „ненаплатливи“ долгови со аргентинската даночна агенција, пишува New York Post.

Тој оставил порака на својот телефон во која тврди дека изгубил многу пари инвестирајќи во криптовалути. Но, неволјите на Алгаба не беа ограничени само на деловната сфера.

Тој, наводно, се судрил со „Бара Бравас“, насилна банда инволвирана во фудбалската сцена во Аргентина, која наводно барала да им плати заем од 40.000 долари.

„Ако нешто ми се случи, сите се веќе предупредени“, напиша тој во пораката.

Братот на Алгаба, Родолфо Перез Алгаба, рече дека не е сигурен дали неговиот покоен брат бил вмешан во криминален синџир, но инсистираше на тоа дека тој „не бил измамник“, како што многумина, наводно, тврдат.

Братот на жртвата тврдеше дека Алгаба бил едноставно продавач на автомобили кој „не се снашол добро“ во Биткоин.

Родолфо на крајот се надева дека властите можат да го фатат убиецот на неговиот брат.

Loading...

„Три дена сум овде и едвај спијам, размислувам, си ја кршам главата, како можеше да се случи ова“, изјави тој.

„Но, нема да седам мирен, нема да ја делам правдата со свои раце, туку се надевам дека правдата ќе биде задоволена.“