Морбидна реклама на погребално претпријатие: Полуголи девојки се шетаат покрај ковчезите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Погребна компанија од Русија најмила полуголи манекенки да продаваат повеќе ковчези, а јавноста е згрозена. Московската компанија „Хороним“ ангажирала неколку модели да позираат во долна облека во и околу ковчезите.

Loading...

Агресивната кампања на социјалните мрежи беше придружена со натпис „Имаме свој персонал од квалификувани агенти, кои ја надгледуваат организацијата на погребот во секоја фаза – од документација до ритуали“. Не е јасно дали разголените девојки се дел од тој кадар.

Секако, контроверзната реклама не помина премногу добро во јавноста, откако многумина на социјалните мрежи изразија револт. Додека еден корисник напиша дека рекламата е „невкусна и навредлива“, други ја опишаа како „богохулење“.

„Вистински ужас е тоа што луѓето ги изгубија сите граници“, „Светот полуде“, пишуваат некои од коментарите.

– Зошто ни се потребни голи жени за да рекламираат нешто толку приватно и темно? Невкусно и навредливо е за оние кои треба да ги закопаат своите најблиски – прашал еден корисник.

Според веб-страницата на погребното претпријатие, Хороним организира погреби за верници од различни религии, меѓу кои православни, муслимани и Евреи. Тие исто така обезбедуваат специјални услуги за ВИП гостите и оние со помал буџет.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by HORONIM.RU | Ритуальная служба (@horonim.ru)

Loading...